Играчот од средниот ред на шпанската репрезентација, Саул Нигез, го изрази своето незадоволство што на поранешниот тренер на репрезентацијата Хулен Лопетеги не му беше дозволено да ја води селекцијата на ова СП.
„Отпуштањето на Лопетеги беше изненадување. Имаше свои причини и мотиви, но играчите не беа влечени во него. Хулен заслужи да продолжи да работи по две години подготовки за Светското првенство. Не ми се допадна она што му се случи“, вели фудбалерот на Атлетико (М).