Нејтан Џонс доби отказ како менаџер на Саутемптон. Ова беше објавено на официјалниот сајт на клубот.
Нејтан Џонс го презеде Саутемптон дури во ноември 2022 година, заменувајќи го отпуштениот Ралф Хасенхутл на тренерската позиција и доби договор до 2026 година. Сепак, под водство на 49-годишниот велшки стручњак, тимот загуби осум од последните девет натпревари во Премиер лигата, со што се најде на дното на табелата.
Заедно со Џонс тимот го напуштија и неговите помошници. Рубен Селес е именуван за вршител на должноста тренер на Саутемптон за да ги подготви играчите за претстојниот натпревар против Челзи.
Саутемптон се наоѓа на последното 20. место на табелата во Премиер лигата со само 15 бодови од 22 натпревари. Натпреварот од 24. коло на англиската Премиер лига со Челзи ќе се одигра на 18 февруари со почеток во 16 часот.