Фудбалскиот состав Саутемптон успеа во намерата да го купи голманот на Манчестер Сити, Гевин Базун, за 12 милиони фунти со тоа што сумата може да се искачи и до 15-ет доколку се остварат одредени бонуси.
20-годишниот чувар на мрежата во претходната сезона во Премиер-лигата одигра 46 мечеви како позајмен во Портсмут.
Базун откако ќе ги помине медицинските прегледи денеска треба да го потпише договорот со новиот тим.