Англискиот фудбалски селектор, Герет Саутгејт, ќе остане на кормилото најмалку до 2024 година, објавија денеска дел од медиумите.
Тој по елиминацијата од Светското првенство во Катар остави простор да размисли дали ќе ја задржи функцијата и дали треба да ја продолжи соработката со ФА.
Саутгејт кој седна на клупата на „гордиот албион“ во 2016 година, успеа да влезе во полуфиналето на Мундијалот во Русија во 2018 и во финалето на ЕП во 2020.