Селекторот на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт е прогласен за најдобар менаџер во Англија за оваа година во анкетата на „Би-Би-Си“.
48-годишниот Герет Саутгејт, е на клупата на селекцијата на Англија по отказот на Сем Алардајс, а успеа да ја препороди репрезентацијата и сосема заслужено го доби големото признание. Тој со Англија успеа да обезбеди полуфинале на Мундијалот во Русија оваа година, а во Лигата на нации избори пласман на завршниот турнир во Португалија.
Претходно Саутгејт беше предводник на младата репрезентација на Англија, а во периодот од 2006 до 2009 година беше на челот на тимот на Мидлзброу.
Ова признание оди во неговите раце и покрај тоа шсто имаше силна конкуренција во имињата на неколку врвни фудбалски стручњаци на Островот.