Селекторот на фудбалерите на Англија, Герет Саутгејт, вели дека Македонија има добри индивидуалци и дека не смее да се потцени на утрешниот меч во квалификациите за ЕП.
„Мора да бидеме внимателни бидејќи Македонија сигурно ќе сака да одигра подобро по мечот со Украина. Се работи за тим кој функционира добро“ – без дел од зборовите на селекторот на „Гордиот Албион“.
Македонија на гостувањата на Островот има два нерешени меча 2:2 и 0:0. Домаќинот во тековните квалификации има три победи со Италија, Украина и Малта додека ние имаме победа со Малта и пораз од Украинците.