Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го надмина поранешниот британски премиер Винстон Черчил по популарност меѓу Британците, пишува „Дејли експрес“.
Според изворот, селекторот на Англија имал 72% рејтинг. 11% од испитаниците се негативни во однос на Саутгејт. За време на Втората светска војна, рејтингот на одобрување на Черчил бил 65%. 22% од испитаниците имале негативен став кон премиерот. Забележано е дека и приврзаниците на конзервативците и приврзаниците на лабуристите го подржуваат Саутгејт.
Ќе потсетиме, утре, 11 јули, репрезентацијата на Англија ќе игра со репрезентацијата на Италија во последниот натпревар на Евро 2020 . Средбата ќе се одигра на стадионот „Вембли“ во Лондон (Англија) со почеток во 21 часот.

