Селекторот на Англија Герет Саутгејт го објави конечниот состав на репрезентаијата на Англија за Светското првенство во Катар 2022 година. Составот беше објавен од прес-службата на англискиот тим.
Финален состав на Англија:
Голмани: Џордан Пикфорд (Евертон), Ник Поуп (Њукасл Јунајтед), Арон Рамсдејл (Арсенал);
Одбрана: Трент Александер-Арнолд (Ливерпул), Лук Шоу, Хари Мегваер (двајцата Манчестер Јунајтед), Киран Трипиер (Њукасл Јунајтед), Џон Стоунс, Кајл Вокер (двајцата Манчестер Сити), Конор Коди (Евертон), Ерик Даер (Тотенхем), Бен Вајт (Арсенал);
Среден ред: Џад Белингем (Борусија Дортмунд), Мејсон Маунт, Конор Галагер (двајцата Челзи), Калвин Филипс (Манчестер Сити), Џордан Хендерсон (Ливерпул), Деклан Рајс (Вест Хем Јунајтед);
Напаѓачи: Фил Фоден, Џек Грилиш (двајцата Манчестер Сити), Рахим Стерлинг (Челзи), Маркус Рашфорд (Манчестер Јунајтед), Хари Кејн (Тотенхем), Букајо Сака (Арсенал), Калум Вилсон (Њукасл Јунајтед), Џејмс Медисон (Лестер Сити).
Светското првенство во 2022 година во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември. Франција е актуелен светски шампион. Англија во групата Б ќе се соочи со САД, Иран и Велс. Во 1. коло екипата на Саутгејт ќе се сретне со селекцијата на Иран. Натпреварот ќе се одигра на Меѓународниот стадион Калифа во Доха на 21 ноември.