Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Герет Саутгејт го објави составот за претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 со селекциите на Италија и Украина.
Голмани: Џордан Пикфорд, Ник Поуп, Арон Рамсдејл.
Одбрана: Бенџамин Чилвел, Ерик Даер, Марк Гехи, Рис Џејмс, Хари Мегваер, Лук Шоу, Џон Стоунс, Киран Трипиер, Кајл Вокер.
Средент ред: Џад Белингем, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Џејмс Медисон, Мејсон Маунт, Калвин Филипс, Деклан Рајс.
Напад: Фил Фоуден, Џек Гралиш, Хари Кејн, Маркус Рашфорд, Букајо Сака, Иван Тони.

Репрезентацијата на Англија е во група со Македонија и во март ќе одигра два натпревари во квалификациите за ЕП 2024 година. На 23 март ќе играат со Италија во Неапол, а на 26 март избраниците на Саутгејт ќе ја пречекаат Украина во Лондон.