Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија Герет Саутгејт и носителот на „Златната копачка” од Светското првенство во Русија Хари Кејн беа одликувани од кралицата Елизабета II.
Саутгејт беше удостоен со орденот – Офицер на Редот на Британската империја поради пласманот на Англија во полуфиналето на Светското првенство во Русија.
„Јас сум неверојатно горд Англичанец, бидејќи имав можност да преставувам својата земја како играч повеќе од 50 пати, а потоа да го водам тимот на Светското првенство, а тоа беше апсолутна привилегија. Се надевам дека сите кои ме поддржуваат во целата моја кариера , се чувствуваат горди на фактот дека сум ја добил оваа чест, бидејќи немаше да бидам во оваа позиција без нивната помош”, истакна Герет Саутгејт.
Кејн, кој постигна шест гола во преставувањето на Англија на СП во Русија, беше награден со наградата MBE – Член на Редот на Британската империја.
„Навистина е прекрасно чувството, одлична година за клубот и за земјата, и јас сум многу среќен за нашата земја кога се вративме во Англија, знаевме колку добро сме направиле за нашата земја. Исклучително сум горд што бев дел од сето тоа и благодарен на сите соиграчи, сите мои тренери во Тотенхем, Англија, Маурисио Почетино, Герет Саутгеит, сите вработени и момчињата, без нив немаше да можам да ја добиејам оваа награда”, рече Хари Кејн.

