Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не го криеше задоволството по победата на „Вембли“ со 7:0 против Црна Гора. Тоа беше успехот што го запечати пласманот на Евро 2020.
„Игравме комбинирано, добро се движевме и едноставно ги завршивме ситуациите што ги создадовме. Во минатото, имавме проблеми против екипи кои беа аутсајдери и делуваат многу дефанзивно. Но, сега имаме играчи способни да се прилагодат и справат со секоја одбрана. Победивме во нашата група без многу проблеми“, рече Саутгејт.
„Секако, има работи што треба да ги подобриме. Играта без топка е меѓу нив. Важно е дека работиме и се стремиме да се развиваме постојано“, додаде селекторот на Англија. Во последниот натпревар од овие квалификации, селекцијата на Англија ќе гостува кај репрезентацијата на Косово во натпревар кој нема значење за двете селекции и ќе се игра само за престиж.