Фудбалерите на Англија вчера ја совладаа Украина со сигурни 4:0 и си обезбедија место во полу-финалето на Европското првенство кое ќе го одиграат против Данска на легендарниот стадион – „Вембли“.
Селекторот на „Гордиот албион“, Герет Саутгејт, по доминацијата на мечот со Украинците, се обиде да објасни зошто неговите избраници имаат одлична серија беа примен гол и зошто обезбедија место во самата завршница на турнирот.
„Играчите беа феноменални. Тука мислам на сите. Ние имаме тимски дух, многу репрезентации испаднаа бидејќи немаа такво нешто “ – вели Саутгејт.

