Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт пред денешниот меч против Шкотска изјави дека го разбира значењето на мечот за англиските навивачи.
„Ние разбираме што ќе значи победа и дека таа дополнително ќе ги зголеми очекувањата. Имаме тим кој може да победува. Во изминатите три или четири години, немаше такво нешто“ – вели Саутгејт.
„Јасно е дека секој противник може да создаде шанси и да постигне гол. Значи, подготвени сме за секакво сценарио“ – вели селекторот на „трите лава“.

