Првите луѓе на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, размислуваат да ангажираат нов тренер иако Норвежанецот, Оле Гунар Солскјер, кој времено ја извршува таа функција има фантастична серија на клупата на „црвените ѓаволи“.
„Скај Спорт“ денеска пишува дека најнов кандидат за тренерското место на „Олд Трафорд“ е актуелниот селектор на репрезентацијата на Англија, Герет Саутгејт.
Наводно, генералниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, почнал да ја разгледува таа опција и стапил во контакт со неговиот менаџер.

