Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го отстрани дефанзивецот Хари Мегуаер од националниот тим за натпреварите во Лигата на нации против Исланд и Данска, кои ќе се одиграат на 5 и 8 септември, пренесува „Sky Sports“.
Неговата одлука беше под влијание наинцидентот на капитенот на Манчестер Јунајтед надвор од теренот. Му беше изречена условна казна во Грција од 21 месец и 10 дена затвор за вмешаност во тепачка на островот Миконос. Фудбалерот се спротивстави на полицијата, како резултат на што беше приведен. Тој беше прогласен за виновен за обид за поткуп на полицајците. Мегуаер се врати во Англија, а за казната ќе биде поднесена жалба.
„Оваа одлука ја донесов по разговорот со претставниците на Манчестер Јунајтед и самиот фудбалер и таа е во интерес на сите“, коментираше Саутгејт.