Играчот од средниот ред на англиската репрезентација Деле Али, нема да биде дел од репрезентацијата за претстојниот контролен натпревар со Швајцарија.
Играчот има мал мускулен проблем и ќе се одмори неколку дена, но неговата повреда не е сериозна. Поради оваа причина, играчот од средниот ред веќе ја напуштил репрезентацијата, но Гарет Саутгејт нема да го повика замена за него.
Англија ја очекува Швајцарија на тест дуел утре во Лестер на „Кинг Пауер“ стадионот.