Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ја коментираше победата во натпреварот од 4. коло од квалификациите за ЕП – 2024 со репрезентацијата на Македонија (7:0).
„Она што најмногу ме радуваше е тоа што секогаш кога ја губиме топката, желбата да ја вратиме навистина го даваше тонот на играта. Тогаш квалитетот на играта беше добар, а враќањето беше немилосрдно. Играчите имаа менталитет со кој мораа да работат. Во доцната фаза на ова чудовиште од сезона, постоеше секое оправдување, но тие не подлегнаа на тоа. Имаше момци кои се вратија од најважната недела во нивните кариери. Имавме момци кои поминаа две недели на одмор и можеа да му пристапат поинаку на овој период од два натпревари. Но, мислам дека она што се обидуваме да го изградиме им беше очигледно на сите денес“, изјави Саутгејт за официјалната веб-страница на УЕФА.