Герет Саутгејт, селекторот на Англија, вели дека е задоволен по вчерашното реми со САД бидејќи неговите фудбалери се на еден чекор до пласманот во фазата на елиминации на Светското првенство во Катар.
„Беше тешко бидејќи игравме против добар противник кој е исклучително физички подготвен. Мислам дека добро го контролиравме мечот“ – изјави. Саутгејт.
Во последното коло Англија ќе оди на мегдна со Велс додека Иран ќе игра со САД. Англија е прва во групата со четири бода, Иран е втор со три, Американците имаат два а Велс е последен со еден бод.