Селекторот на Англија Герет Саутгејт зборуваше за шансите на неговиот тим на ЕП 2024 во Германија.
„Веќе пет или шест години покажуваме стабилна игра. Мислам дека во последните пет години бевме во првите пет во светот бидејќи постојано постигнувавме добри резултати. Сега имаме искуство од големи натпревари, што многу ни помага.
Дополнително, нашите играчи стекнаа искуство за победување на клупско ниво, па ние сме еден од оние тимови кои искрено веруваат дека можат да победат секого. Многу често тимовите уверуваат дека ќе победат, но тоа не го поткрепуваат со ништо. Нашите зборови се потврдени со дела, бевме на еден чекор од титулата европски првак, па знаеме дека се е можно. Ова е еден вид психолошки пробив. Сега треба да одиме чекор напред“, изјави Саутгејт.
На последното Европско првенство, селекцијата на Англија стигна до финалето на турнирот каде загуби од селекцијата на Италија на пенали.