Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не издвои одрдени играчи кои оставија посебен белег на натпреварот против Сан Марино кој Англија го доби очекувано со убедливи 5:0.
„Ние го направивме тоа што требаше да го направиме. Ми се допадна начинот на кој притискавме и брзо ја враќавме топката во наш посед. Тоа е знак на нашиот менталитет. Секако, противникот не беше во наша класа, но ние го сфативме тоа сериозно. Многу од играчите се претставија добро, тешко ми е да истакнам еден или дваца“, рече Саутгејт.
„Беше одлично да се видат соиграчите на Воткинс како се радуваат на неговиот гол. Тоа беше посебен момент за него. Тој многу брзо се вклопи во составот и тимот како целина. Истото важи и за останатите нови играчи во репрезентацијата. Што се однесува до Џеси Лингард, тој работи многу добро со топката, тој е интелигентен и може да најде слободен простор. Добрата работа е што тој е повторно со нас и ја враќа самодовербата”, додаде селекторот на Англија.

