Селекторот на нашите најдобри ракометарки, Љубомир Савевски, вели дека Романија не е на нивото на Франција и Холандија, но, утре ќе ја има улогата на фаворит во решавачкиот меч со Македонија за третото место на табелата.
„Ние сме селекција составена од млади ракометарки, во некои сегменти бевме добри и се држевме добро, среќен сум за играта против Франција. Со Холандија имавме 28 изгубени топки“ – вели Савевски.
„Романија не е на нивото со Холандија и Франција, сепак против нас ќе бидe фаворит. Не смееме да дозволиме во почетокот да направат гоелма предност“ – вели нашиот селектор.