Ракометната федерација ја прекина спогодбено соработката со селекторот на жените, Љубомир Савевски.
-Ракометната федерација на Македонија ја известува јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Љубомир Савевски, на 05 мај 2023 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на женските македонски ракометни категории – се вели во соопштението.
Савевски ја предводеше Македонија на Европското првенство а потоа доживеа неуспех во баражот со Украина за место на Светското.