Дефанзивецот на Динамо Москва, Саба Сазонов, заминал во Италија на лекарски преглед и потпишување на договор со Торино.
Веста денеска ја објави – „Спорт24“ повикувајќи се на извори блиски до рускиот состав. Претходно беше објавено дека 21-годишниот фудбалер на грузиската репрезентација ќе се пресели во Серија „А“ за околу 3 милиони евра.
Засега не се знае дали Сазинов ќе игра за „биковите“ или ќе биде испратен на позајмица во друг состав.