Португалската фудбалска федерација прави напори да го убеди Жозе Мурињо да ја преземе диригентската палка во репрезентацијата.
„Европските бразилци“ бараат нов селектор откако по елиминацијата во 1/4-финалето на Светското првенство во Катар се разделија со Фернандо Сантош.
„Специјалниот“ има договор со Рома до 2024 година и секогаш бил дециден дека има намера да го испочитува.