Каталонските здравствени власти во контакт со УЕФА, побарале сите играчи на Динамо Киев денеска да направат нови ПЦР тестови за ковид-19 пред мечот со Барселона во Лигата на шампионите кој треба да се одигра утре вечер на „Камп Ноу“.
Причина за тоа е што Украинците уште пред заминувањето за Шпанија објавија дека имаат поголем број на заразени фудбалери.
Доколку денеска се појават нови позитивни фудбалери, постои можност УЕФА да го одложи мечот.

