Сè околу трансферот на Алисон Бекер од Рома во Ливерпул е веќе договорено на клубско ниво, а бразилскиот голман вечерва патува за Ливерпул.
Римската „Волчица“ ќе добие 75 милиони евра, што значи дека овој договор ќе го претвори 25-годишниот Алисон во најскапиот голман во историјата на фудбалот. Според информациите во Италија, самиот фудбалер веќе ги прифатил условите на Ливерпул. Договорот на Алисон ќе трае пет години. Се претпоставува дека трансферот ќе биде официјално објавен во сабота.
Се очекуваше дека во последен момент последната понуда на Челзи кој можеше да даде подобра,но такво нешто од „Стемфорд Бриџ“ не дојде и затоа од Рома се одлучија да ја прифатат понуда која пристигна од „Енфилд“.