Дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван-Бисака, е пред трансфер во Манчестер Јунајтед, пишува „Би-би-си”.
Според објавените информации, двата клуба се согласиле околу договорот и износот на трансферот ќе изнесува 50 милиони фунти. Во наредните денови, 21-годишниот англичанец ќе помине лекарските прегледи на „Олд Трафорд“.
Платата на Ван-Бисака во Јунајтед ќе изнесува 90.000 фунти неделно, девет пати повеќе од неговата плата во Кристал Палас.
Во сезоната 2018/19 Арон Ван-Бисака играше 35 натпревари за Кристал Палас и имаше 3 асистенции.