Дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт, утре официјално ќе се пресели во Јувентус, објави денес италијанското издание на „Фудбал Италија“.
Според последните информации, за негооте услуги ќе биде уплатена сумата од 75 милиони евра која ќе легне на сметка на тимот од Амстердам.
19-годишниот Холанѓанец ќе добие годишна плата од 12 милиони евра во својот нов тим. Минатата сезона Де Лихт играше 55 натпревари на сите клупски натпревари и постигна 7 гола и 4 асистенции.
Тој му помогна на својот тим да ја освои титулата во Холандија, но и да направат изненадување во Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани во 1/2 финалето.