Под мотото –„Трчањето ќе ве промени“, на 1 октомври (недела), ќе се реализира 19-то издание на Виз Ер Скопски маратон.
Во улога на организатори се појавуваат Сојузот на спортови на Скопје и атлетскиот клуб Работнички додека покровители се: Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт и Делегацијата на Европската Унија. Денеска на прес-конференција, Директорот на трката, Кире Синадиновски, излезе со одредени детали.
„Ќе имаме преку 11.000 учесници од 53 земји. Бројките навистина ме изненадија иако сме далеку од рекордот. Сега го враќаме и Државното првенство што ќе биде дополнителен мотив за нашите атлетичари. Очекуваме временските услови да бидат добри и да имаме солидни резултати“ – потенцираше Синадиновски.