Организаторот на традиционалниот Турнир на Медиумите во мал фудбал -Спортско радио 90,3 ФМ, денеска во просториите на Државна Видео Лотарија на Македонија -ВЛТ, го најави јубилејното 30-то издание кое годинава ќе има меѓународен и хуманитарен карактер.

Утре на терените на ФФМ ќе се појават дел од фудбалските легенди на Србија, Хрватска, БИХ и Македонија. Настанот ќе го проследат и медиумите од екс ју-просторите Хајат ТВ (БИХ) и Спорт Клуб (Србија).

Новинарските екипи го искористија пресот да добијат изјави од легендите на мак-фудбалот, Кочо Димитровски и Саша Чириќ кои ќе бидат дел од македонската репрезентација.
