Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Се е подготвено за новото издание на Авицена женската трка
    Домашен микс

    Се е подготвено за новото издание на Авицена женската трка

    dinoBy dino28/03/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Годинава Сојузот на спортови на Град Скопје во рамките на Виз Ер Скопски маратон го одбраа 31-ви март како идеален датум за реализација на Авицена Женската трка. Стартната точка е кај фонтаната Лотос на булеварот Илинден во Скопје со почеток во 09:30часот.

    „ Годинава додадовме еден километар со што вкупната должина ќе биде три километри. Имајќи в предвид дека трката е еден ден пред денот на шегата ги повикуваме сите да дојдат и да се забавуваат со маски за да внесеме што повеќе позитивност и радост во трчањето“ –  изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Град Скопје.

    „Има повеќе од 2.000 натпреварувачки. Кандидатките кои се пријавија пред 28-ми февруари преку купување на „dry-fit“ маичка, донираа по 100 денари за помош на Снежана Караџовска која има желба  повторно да прооди. Тие што нема да се натпреваруваат а сакаат да помогнаат , тоа ќе може да го направат со отворените донации во кутии на 31-ви март.“ – рече Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон. Во рамки на партнерството со Авицена Женската трка, Парк Хотел и Спа, приреди бројни изненадувања за учесниците.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Илиоски во полуфинале на СП во кик-бокс

    22/11/2023

    Три сребра во Бундеслигата – Илина Соколовска со македонски пасош ја освои Германија

    20/11/2023

    Директорот на АМС организираше средба со европскиот шампион

    17/11/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Олимпик Лион му даде отказ на Фабио Гросо
    • Хаким Зиеш е трет играч кој постигнал два гола од слободен удар на еден меч во ЛШ
    • Арсенал со највисока победа на англиски тим против француска екипа
    • Гави успешно опериран, но ќе ги пропушти ЕП и ЛОИ во 2024 година
    • Белингем е четвртиот играч кој постигнал 10 гола во ЛШ пред да наполни 21 година
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.