Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Се менува системот во Лигата на нации: За место во Дивизија „Б“ ќе се игра уште еден меч
    Фудбал

    Се менува системот во Лигата на нации: За место во Дивизија „Б“ ќе се игра уште еден меч

    sasoBy saso26/01/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА во Нион се донесени одлуки и за големи промени во Лигата на нации кои ќе стапат на сила во септември 2024 година.

    Лигата на нации ќе биде проширена со нокаут рунда која ќе се игра во март, со што ќе се создаде континуитет меѓу групната фаза која завршува во ноември и завршниот турнир кој се игра во јуни.

    Според досегашниот формат на Лигата на нации, победниците на групите од А дивизијата се пласираа на фајнл-форот. Сепак, од следното издание на Лигата на нации 2024/25 ќе се воведе четвртфинале во кое победниците и второпласираните од групите од А дивизијата ќе играат меѓу себе дома и на гости во март, а победниците од тие натпревари ќе се пласираат на фајнл-форот.

    Промена има и во пониските дивизии. Како дел од промената на форматот, ќе се воведат и пласмани за промоција и испаѓање, третопласираните екипи од дивизијата А ќе играат против второпласираните од дивизијата Б, а третопласираните екипи од дивизијата Б против второто пласирани екипи од дивизија Ц. Натпреварите ќе се играат дома и на гости, при што победниците одат во повисоката, а поразените во пониската дивизија.

    Промени има и во форматот на квалификациите за ЕП, и европските квалификации за СП. Сега ќе бидат извлечени 12 групи по четири и пет репрезентации. Победниците од групите директно ќе се квалификуваат за ЕП или Светско првенство, додека второпласираните или директно ќе се квалификуваат или ќе учествуваат во бараж натпреварите. Новиот формат ќе се имплементира по Европското првенство во 2024 година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.