Синоќа на социјалните мрежи се огласи Руди Гарсија, сег авеќе поранешниот тренер на Наполи, кој даде свој прв коментар за заминувањето од Наполи. Стратегот доби отказ по последниот првенствен пораз на наполитанците со 0:1 од Емполи на домашен терен.
„Вака не замислував да се збогувам со навивачите на Наполи кои ме поддржуваа уште од првиот ден. Ним, играчите и луѓето блиски до тимот, искрена благодарност и успех во првенството и Лигата на шампионите“, напиша Гарсија на своите профили на социјалните мрежи.