Португалскиот тим Спортинг Лисабон е заинтересиран за играчот од средниот ред на Барселона, Миралем Пјаниќ, пренесува „АС“.
Овој клуб е подготвен да понуди 10 милиони евра за 50 % од правата на 32-годишниот Босански интернационалец, кој Чави не го посакува на „Камп Ноу“.
Минатата сезона Пјаниќ играше за Бешикташ како позајмен играч,постигнувајќи 4 асистенции во 26 натпревари за турската екипа.