Лондонскиот инвестициски фонд –„ Eitel Partners“ е последниот кој достави официјална понуда да го купи фудбалскиот состав Челзи.
Според Тајмс, предлогот надминува 2 милијарди фунти. Инвеститорите уверија дека доколку нивната понуда биде прифатена, Томас Тухел и фудбалерите ќе останат во клубот. Дополнително, тие се подготвени веднаш да инвестираат 50 милиони фунти за клубот да биде солвент и да ги покрие тековните трошоци. Воедно во план е реновирање и на Стемфорд Бриџ.
Понудата пристигнува во последен момент бидејќи американската банка- „Рејн груп“, која е ангажирана да го најде најдобриот купувач за клубот, одреди рок до петок, 18 март, во кој ќе бидат прифатени понудите за Челзи