Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Маурицио Сари пред утрешното гостување на теренот на Лацио се соочува со одредени проблеми во ростерот.
Германскиот репрезентативец, Сами Кедира, се подготвува за операција додека Арон Рамзи, кој ја обнови повредата на мускулот на левата нога, ќе мора да паузира подолг период и ќе го прескокне мечот со „римските орли“.
Според медиумите на „Чизмата“, тренерот на Јуве за мечот на „Олимпико“ нема да може да ги користи услугите и на Даглас Коста додека искусниот Кијелини е надвор од стројот откако се повреди во почетокот на сезонава.