Претседателот на фудбалскиот состав Реал Мадрид, Флорентино Перез, по заминувањето на Кристијано Роналдо во Јуве, изјави, дека ќе направи се што е можно за да обезбеди големо име во летниот трансфер период.
„Ние ги ангажиравме Одриозола и Жуниор, кој не освои со магија и одличните дриблинзи. Тоа е патот на Реал, да купува млади играчи и од нив да направи големи ѕвезди“ – вели Перез.
Засега прва опција за „кралевите“ е играчот на Челзи и на селекцијата на Белгија, Еден Азар, иако се споменуваат и имињата на: Роберт Левандовски, Пауло Дибала, Хари Кејн или Деле Али.