Фудбалерите на Јувентус по вчерашното реми со градскиот ривал Торино, (2:2) полека заостануваат во трката за шампионската титулата во Серија „А“.
„Старата дама“ има голем минус од `12 бодови зад лидерот Интер а медиумите во Италија веднаш започнаа со шпекулации дека тренерот , Андреа Пирло, набрзо ќе заработи отказ. Според наведеното, судбината на стратегот на Јуве ќе зависи од заостанатиот меч против Наполи закажан за в среда.
Претходно имаше одредени најави дека челниците на Јуве стапиле во контакт со неколку тренери меѓу кои и Масимо Алегри.

