Тренерот на РБ Лајпциг, Доменико Тедеско може да добие отказ. Раководството на клубот е незадоволно од резултатите на „биковите“ на стартот од сезоната и сериозно разлислува за негова смена.
„СпортБилд“ пишува дека претседателот на Лајпциг поставува многу сериозни задачи пред клубот, особено земајќи го предвид потписот на скапите новајлии Тимо Вернер и Давид Раум. Тимот на Тедеско се уште не ги исполнил овие сериозни задачи.
РБ Лајпциг освои пет бода на пет натпревари во Бундеслигата и е 11-ти во поредокот.