Тренерот на фудбалерите на Баерн Минхен, Нико Ковач, се наоѓа на излезната врата од „Алијанц Арена“ откако неговиот тим вчера одигра нерешено 3:3 на домашен терен со Фортуна Дизелдорф во рамките на тековното коло во Бундеслигата.
Иако Баварците имаа предност од 3-1, гостите со двата гола во завршните минути направија големо изненадување и си заминаа непоразени. Четата на Ковач сега заостанува големи 9 бодови во однос на лидерот Борусија Дортмунд што на некој начин наведува дека набрзо може да се случи промена на кормилото. Според наведеното, последна шанса за Ковач да го задржи местото ќе биде мечот со Бенфика во Лигата на шампионите. Тоа го потенцирал и првиот човек на тимот, Ули Хенес.
„Сега нема да го анализираме тренерот. Во вторник имаме тежок натпревар против Бенфика во Лигата на шампионите и мораме да останеме мирни“ – изјави Хенес