Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Се враќа фудбалската магија во ЛШ
    Фудбал

    Се враќа фудбалската магија во ЛШ

    dinoBy dino28/09/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Дербито на групата „А“ меѓу ПСЖ – Манчестер Сити ќе биде посебно за Лионел Меси, кој ќе се соочи со поранешниот  тренер во Барса, Пеп Гвардиола, под чие водство освои два трофеја во ЛШ. Битката на гигантите привлекува посебно внимание поради богатство со кое располгаат сопствениците на двата клуба  како и поради ѕвездите што ги имаат на теренот. Реално, тоа се двете екипи што според сите проценки треба да се појават и во финалето. Во другиот натпревар од групата ќе се сретнат РБ Лајпциг и Бриж.

    Во групата Б, Милан е домаќин на Атлетико Мадрид на „Сан Сиро“ а Ливерпул ќе гостува кај Порто. За Милан тоа прв домашен натпревар во Лигата на шампионите по седум години. Мотивација за победа ќе биде огромна. Во вториот меч во групата „црвените“ ќе бидат фаворити на теренот на Португалците.

    Во групата Ц ќе играат  Ајакс – Бешикташ и Борусија (Дортмунд) – Спортинг (Лисабон).  Средбата во Холандија ќе започне во 18.45 часот. „Копјаниците“ се влезени во фантастична гол серија додека Турците играат топло-студено. Од 21.00 часот на „Сигнал и дуна парк“ ќе истрчаат фудбалерите на Борусија Дортмунд и Спортинг Лисабон.  Пред мечот се наметнува прашањето дали младата ѕвезда на „милионерите“, Ерлинг Халанд, ќе дојде до 21 гол во елитата со што ќе влезе во топ -50.

    Во групата Д мечевите ќе бидат реализирни во два термина. Во 18.45 Шахтјор Донецк ќе го пречека Интер. Украинците се редовни учесници во ЛШ, но, без позначајни успеси. За разлика од нив, Италијанците се поранешни шампиони. Згора на тоа „нероаѕурите“ квалитативно отскокнуваат.  Во вечерниот термин од 21.00. Реал Мадрид ќе го пречека Шериф Тираспол. Тука е илузорно да се анализира рејтонгот и квалитетот на двата табора. Се освен победа на Шпанците ќе биде огромна сензација

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Сејдини: Имаме успешна приказна

    27/05/2023

    Левандовски: сега видов колку значи титулата за навивачите

    27/05/2023

    Алардајс верува дека ќе го спаси тимот

    27/05/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Австрија подобра од нашите одбојкарки во Сребрената лига
    • Одбојкарите поразени од Украина на стартот на Европската Златна лига
    • Шампионски „шпалир“ за новиот шампион Е. Пелистер
    • Верстапен тргнува прв на ГН на Монако
    • Давидовски на Спа ќе вози против најдобрите од ТЦР Светската серија
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.