Претседателот на фудбалскиот состав Фиорентина, Роко Комизо, кој има работна посета во САД, потврди дека три нови лица вработени во клубот се наоѓаат на болничко лекување поради симптоми на корона-вирусот. Според објавеното, станува збор за членови на стручниот штаб и еден од клупските лекари.
„Имаме од осум до десет заразени со вирусот. Тројца се вработени во клубот и се наоѓаат во болница, еден е на респиратор а другите на домашно лекување. Јас би се вратил во Фиренца, но, не ми дозволуваат да патувам“ – вели Комизо.
Од претходно е познато дека со корона- вирусот се заразени и фудбалерите: Душан Влаховиќ, Херман Пецелја и Патрик Кутроне.