Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, влегува во плановите на челниците на Барселона кои најверојатно ќе се разделат со Роналд Куман откако тимот влезе во лоша серија и го загуби последното „Ел Класико“.
Според медиумите во Шпанија, Барса размислува за ангжман и на Чави иако првична опција беше Томас Тухел кој работи во Челзи.
Составот од Каталонија по девет одиграни кола во Ла Лига се наоѓа на деветото место со 15 бодови.
