Фудбалскиот состав на Рома успеа да ангажира нови засилувања за наредната сезона. Во клубот пристигнаа. Брајан Кристанте, Анте Чориќ, Иван Маркано, Антонио Миранте и Џастин Клајверт.
Според најавите во медиумите, „волчицата“ во наредниот период треба да потпише и со: Давиде Сантон, Никола Заниола и Хавиер Пасторе. Последниот доаѓа можеби и како најголемо засилување и како замена за Раџа Најголан кој од денеска треба да го облече дресот на Интер.
Пасторе од 2011. година ги бранеше боите на ПСЖ. За французите има постигнато 45 голови и направено 59 асистенции.