Италијанскиот весник – „Кориере дела сера“, објави изненадувачка вест дека тренерот на Ница, Франческо Фариоли, може да влезе меѓу кандидатие за наследник на Стефано Пиоли на клупата на Милан.
Покрај 35-годишниот фудбалски тренер од Италија, на листата се додаваат и Хулен Лопетеги, Паоло Фонсека, Марк ван Бомел и Доменико Тедеско.
Ќе потсетиме дека Фариоли со екипата на Ница има одлична сезона и го зазема високото 5-ти место во шампионатот на Франција.