Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, нема намера да биде активен на трансфер пазарот, објавија медиумите во Шпанија.
Новиот шампион на Примера нема намера да троши пари на екстра-засилувања и затоа ќе ги врати Дани Себалјос и Мартин Одегард кои играа како позајмени во Арсенал и во Реал Сосиедад.
24-годишниот Шпанец по рестартот на Премиер-лигата беше еден од најдобрите кај „топчиите“ додека Данецот во континуитет имаше блескави партии во дресот на Реал Сосиедад.