Реал Мадрид ќе го задржи фудбалерот Дани Себаљос. „Кралевите“ нема да го пуштат да си замине 27-годишниот играч од средниот ред кој најави дека сака да ја промени средината.
Иако првично имаше вест дека тренерот, Анчелоти ќе му дозволи на фудбалерот да го напушти клубот, сега ситуацијата се менува.
Играчот на „белите“ во претходната сезона имаше 20 натпревари во Примера Дивизион на кои направи две асистенции.