Шпанскиот фудбалски репрезентативец во Арсенал, Дани Себалјос, кој не успеа да се наметне кај менаџерот Унаи Емери, изјави, дека сака да се докаже пред новиот тренер Микел Артета. 23-годишниот играч од средниот ред поради повреда, мораше да пропушти два месеца во тековнава сезона.
„Микел ќе биде одличен тренер. Тој научи многу од Пеп Гвардиола во Манчестер Сити и покажа дека има негова филозофија. Точно е дека дојде во клубот во многу компликувана ситуација, но, од психолошка гледна точка, нов тренер му требаше на Арсенал“ – изјави Себалјос за весникот – „Марка“.
„Јас тренирам со другите околу две недели и време е да покажам што можам да направам. По зимската пауза, верувам дека ќе играм значајна улога во тимот”- додаде самоуверено младиот Шпанец.