Напаѓачот на Борусија (Дортмунд) Себастијан Алер објави дека почнал да тренира со тимот. Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска се пресели во „жолто-црните“ летото од Ајакс за 35 милиони евра, но му беше дијагностициран рак на тестисите и имаше три операции.
„Среќна Нова година на сите! За мене почнува многу добро бидејќи се вратив на теренот! 2022 година не беше лесна, но ме подготви за сите предизвици што ќе ми ги понуди 2023 година. Со нетрпение очекувам да се видиме повторно“, напиша Алер на социјалните мрежи.
28-годишниот поранешен играч на Утрехт, Ајнтрахт (Франкфурт) и Ајакс се надева дека ќе се подготви добро и ќе може да и помогне на Борусија на стартот од вториот дел од сезоната во Бундеслигата.
Тимот од „Сигнал Идуна Парк“ се наоѓа на шестото место на табелата со 9 бода помалку од лидерот Баерн (Минхен).