Себастијан Џовинко и официјално се врати во Серија А. Популарниот играч со прекарот „Атомската мравка“ претходно денеска ги мина лекарските прегледи, по што потпиша договор со Сампдорија до 30 јуни 2022 година.
Тој му се приклучува на овој тим како слободен играч откако неговиот договор со Ал Хилал истече во август 2021 година. 35-годишниот Џовинко последен пат играше во Италија во 2015 година, пред да се пресели од Јувентус во Торонто. Од 2019 година е играч на Ал Хилал каде мина три сезони.
„Се е потпишано. Многу сум среќен што се враќам во Серија А. Им честитам на навивачите на Сампдорија. Едвај чекам да почнам со тренинзи утре“, изјави Џовинко по потпишувањето на договорот.